Во првиот официјален натпревар во новата спортска арена „Јане Сандески“ ракометарите на Вардар забележаа величствена победа над Чеховски Медведи 39-28 (24-12).

Дилемите околу победникот „црвено црните“ ги разрешија во првиот дел кој го одиграа како во транс и го добија со 24-12.

Во второто полувреме вардарци се опуштија со што им дозволија на гостите да ибегнат дебакл во новиот спортски храм и ја забележаа втората победа.

„Црвено црните“ во третата рунда ги очекува меч со германскиот бундеслигаш Рајн Некар Ловен.

Мх.П.