Избраничките на Индира Кастратовиќ ја испуштија првата „меч топка“ за пласман на завршницата од Лигата на Шампиони откако претрпе пораз од Митиланд 25-24.
Данскиот првак им го нанесе првиот пораз на македонскиот, а вината Кастратовиќ за неуспехот ќе го бара во своите редови бидејќи само во вториот дел Вардар заличи на состав, кој атакува на пласман во Ф4.
Иако претрпе пораз сепак Вардар извлече поволен резултат затоа што постигна гол повеќе од Митиланд во двомечите.
Во претпоследната рунда „црвено црните“ ќе се сретнат со лидерот во групата Турингер на гостински терен.
Мх.П.