Избраничките на Индира Кастратовиќ забележаа сензационална победа во Лигата на Шампиони совладувајќи го Ларвик со 31-29 (15-15) на домашен терен.
Во мечот, кој одлучуваше за првата позиција во групата ракометарките на Вардар го срушија Европскиот вицешампион во кој настапуваат најквалитени ракометарки на денешницата.
Играта по жица повеќе им годеше на „црвено црните“ кои во последниот квартал од дуелот направија предност која ја зачуваа до крај и испишаа нов лист во македонскиот женски ракомет.
Мх.П.