Пулените на Индира Кастратовиќ блеснаа против тимот на Подравка во четвртата рунда од Лигата на Шампиони победувајќи 35-25.


„Црвено црните“ пред своите гледачи го одиграа најдобриот натпревар сезонава што им донесе трета победа и сигурен пласман во следната фаза од ЛШ.

Нападот го предводеше десното крило Радичевиќ со пет погодоци, Лекиќ, Дембеле и Зебиќ реализираа по четири.

Чуварот на мрежата Ина Суслина запиша 13 интервенции, а популарната „Инди“ шанса на дуелот со Подравка им даде на три ракометарки од младинската школа.

Мх.П.