Шпанскиот ракометен гигант, Барселона втор пат му зеде мерка на македонскиот првак Вардар, совладувајќи го пред своите гледачи со 34-28 (16-15) во дербито од осмата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампионите.
Каталонците на крилата од триумфот во Скопје одиграа маестрален натпревар и покажаа зошто се лидери во една од двете квалитетни групи во ЛШ.
„Црвено-црните“ сила за надигрување имаа едно полувреме, кога на семафорот стоеше 16-15 во корист на домашниот состав. Во второто полувреме Барселона уфрли брзина погоре, а Вардар немаше одговор и мораше да го положи оружјето.
Најефикасен во составот на Барселона беше Урлих Мортенсен кој постигна девет голови од десет обиди, а по него следуваша Виктор Томас и Жилберто Брито со 4 голови. Во тимот на Вардар, Иван Чупиќ со пет голови од исто толку удари беше најпрецизен.
Во деветта рунда Вардар гостува кај Мешков Брест и ќе има шанса да стави на мини резултатска криза од два порази.
OhridNews