Македонскиот женски ракометен првак Вардар во Салерно, Италија ќе се обиде да стигне до пласманот во групната фаза од ракометната Лига на шампиони.
На денешната ждрепка одржана во Виена, беше одлучено во полуфиналето македонскиот првак да игра против домаќинот Салерно, додека во другото полуфинале ќе се сретнат рускиот Ростов и францускиот Флиури.
Избраничките на Индира Кастратовиќ се очекува да имаат лесна задача во полуфиналето на 14 септември, додека финалето ќе се игра еден ден подоцна.
Само победничката екипа ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони, додека останатите три екипи ќе ги продолжат мечевите во КПК.