Ракометниот клуб Вардар ја продолжи борбата со Веспрем за втората позиција во групата А после триумфот над Кристијанштад 32-30 (16-17) во 13-та рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ до бодовите на гостински терен стигнаа со добрата игра во второто полувреме, откако во првиот дел не беа на висина од задачата. Играта „топло ладно“ на Вардар во првите 30 минути максимално ја искористи домашната екипа која со погодок во финишот обезбеди еден позитива на одморот.
После десет минути игра во второто полувреме македонскиот состав ја презеде контролата на мечот и резултатот. Домашните ракометари не се откажаа и констатно ја бркаа негативата. Во последната минута од натпреварот голманот на Вардар, Гендбан успеа да скроти еден на еден позиција, а на спротивната страна Карачиќ и Стоилов погодија и ја осигураа победата.
Во следната рунда Вардар на домашен терен ќе го пречека составот на Монпеље.
OhridNews