Македонскиот ракометен првак, Вардар во петтата рунда од Лигата на Шампиони го преттрпе првиот пораз, откако изгуби во Загреб од истоимената екипа 28-27 (12-17).
Во голем дел од натпревар „црвено црните“ го контролираа резултат што наговестуваше победа, но опуштањето и промашувањата во финишот скапо го чинеа составот на Вардар.
Избраниците на Раул Гонзалес во последните мигови од мечот промашија два напади. Првиот удар на Алекс Душебајев заврши во стативата додека вториот го одбрани Стевановиќ.
Поразот од Загреб го расипа перфектниот скор на Вардар во групата А и со еден пораз ќе забележи пад од едно место на табелата.
OhridNews