Ракометарите на Вардар, имаа успешна премиера пред симпатизерите во Спортската сала „Јане Сандански“ победувајќи го Порто со 32-27 (16-18) во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
На „црвено црните“ им беа потребни 30 миниту да се загреат и покажат најдоброто од себе. После триесет минути игра португалскиот претставник во ЛШ имаше два позитива. На стартот од вториот дел „вардарци“ не само што ја анулираа позитивата на Порто, туку стигнаа и да поведат со 8 голови разлика. До крајот, рутински ја задржаа предноста и ја запишаа втората победа во фазата по групи.
Листата на стрелци ја предводеа Кроштофанс и Чупиќ со седум голови, а клучна улога во триумфот имаше голманот Кугис, кој десеттина минути не дозволи погодок на противничките ракометари.
Во следната рунда која на програмата е следниот викенд Вардар ќе ги одмери силите со Мотор Запорожје на гостински терен.
OhridNews