Македонскиот ракометен првак Вардар ПРО ремизираше 29-29 со „дрим тимот“ на Барселона предводен од македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров.
Премиерниот натпревар „црвено црните“ го одиграа во преполната сала „Бори Трајковски“ која беше премала да ги собери сите љубители на ракометот.
Ракометарите во целост им се оддолжија на навивачите одигрувајќи маестрален дуел против еден од главните фаворити за европскиот трон.
Најпрецизен во составот на Вардар беше Русинот, Дибиров со осум голови, а Карачиќ седум, но не успеа да го реализира нападот за победа.
Во првата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони победа забележа Металург на гостински терен кај Вакер Тун 23-22 и тимот на ПСЖ победувајќи го Динамо Минск со 34-30.
Мх.П.
Фото : “Екипа.мк“