Македонскиот вицепрвак Вардар претрпе минимален пораз 24-23 (13-11) од Веспрем во дербито на колото во Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ прво имаа шанса од седмерец за запечатување на победата, но Брумен не реализираше, а гостите веднаш израмнаа 23-23.

Потоа при резултат 23-23 избраниците на шпанскиот стручњак Раул Гонзалес имаа напад за победа, но повторно домаќините погрешија и им ја поклонија победата на гостите кои беа на работ од бездната.

Меч за паметење одигра Игор Карачиќ со осум погодоци, но и тие не беа доволни за победа над унгарскиот првак.

За ракометарите на Вардар ова е прв пораз сезонава во ЛШ, а во петтата рунда двете екипи ќе ги сменат улогите и ќе одиграа нов меч во групната фаза.

Мх.П.