Првата од двете пресметки на лутите ракометни ривали Металург и Вардар во Лигата на Шампиони му припадна на „црвено црните“ победувајќи со 27-22 (14-9).


Ракометарите во црни црвено дресови далеку подобро го започнаа мечот од оние на Металург во преполната спортска арена „Борис Трајковски“.  

Минисеријата во нападот и непробојната одбрана го одведе Вардар на позитива од три погодоци која до крајот на првиот дел ја зголеми на плус пет (14-9).

Во вториот дел избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар уште на почетокот пробаа се, но немаа одговор како да го совладаа Страхиња Милиќ на голот од Вардар.

Нападот на Вардар безмилосно преку рускиот крилен ракометар Дибиров ја погодуваше мрежата на Станиќ и Мијатовиќ кои немаа свој ден на дуелот со градскиот ривал и го претрпеа вториот пораз сезонава во Лигата на Шампиони.

Мх.П.