Македонскиот ракометен првак Вардар во втората рунда од Лигата шампиони на гостување во Минск го претрпе првиот пораз од Динамо 26-24.


Избраниците на тренерот Зоран Кастравоќ не ја повторија играта од пред неколку денови кога сензационално и извлекоа реми на Барселона во првото коло на домашен терен.

„Црвено црните“ немаа одговор за голманот на Динамо, Димитрије Пејановиќ кој собра 16 успешни интервенции вклучувајќи на 30 секунди од крајот на мечот на Иван Карачиќ при резултат 25-24.

Во составот на Вардар со шест погодоци беше најпрецизен крилниот ракометар Тимур Дибиров, а еден помалку од него реализираше Шпанецот, Алекс Душебаев.

Екипата на Вардар во третата рунда од групната фаза во ЛШ ќе се сретне со ПСЖ на домашен терен каде ќе ја брка првата победа.

Мх.П.