Стратегот на вардарци, Илчо Ѓорѓиоски има горко искуство со белорускиот тим. Во 2009 година тимот на Македонија ЃП кој го предводеше Ѓорѓиоски беше елиминиран со вкупни 4-0. Тој посакува друг расплет на настаните во овој двомеч.
– Играат една модифицирана варијанта на 4-4-2, што е малку поинаку од начинот на игра што го практикуваа во 2009 година кога ја предводев Македонија Ѓ. Имаме јасна слика за квалитетите на БАТЕ Борисов. Тимот им е искусен, со неколку играчи што настапија и тогаш. Сепак, тоа не менува ништо бидејќи Вардар како и секогаш ќе оди на победа – вели Илчо Ѓорѓиоски.
Првиот меч се игра вечерва (18 ч.) во Борисов, додека реванш мечот се игра на 25 јули (20 ч.) на арената “Филип Втори“.