После завршување на групната фаза во Лигата на Шампиони, следува елиминациската која е далеку поинтересна и привлчена за ракометните сладокусци. Вчеравечер, се одиграа последните мечеви од фазата по групи, со што се дефинираше пласманот по групи, кој пак, ги даде осминафиналните парови.
Најинтересна двојка е дуелот помеѓу актуелниот првак Кил и унгарскиот Пик Сегед, додека Вардар поради слабиот пласман на табелата налета на Веспрем, кој е еден од фаворитите за медал. Привлечна е средбата помеѓу полски Киелце и Нант каде што настапува Кирил Лазаров.
Невозможни мисии имаат Загреб, кој ќе се судри со Фленсбург и Целје, кој за противник го доби ПСЖ.
- Двојки:
Фленсбург – Загреб
ПСЖ – Целје
Киелце – Нант
Мешков Брест – Мотор Запорожје
Алборг – Порто
Барселона – Елверум
Веспрем – Вардар
Кил – Пик Сегед
OhridNews