Актуелниот европски првак Вардар со сите расположливи средства ќе му се спротистави на Мешков Брест во првата рунда од новата сезона во Лигата на Шампиони.

Тренерот на „црвено црните“ Стефче Алушовски на располагање ќе ги има Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер, кои одредено време беа надвор од стројот. Стоилов отсуствуваше поради коронавирусот, додека популарниот „диско“ имаше повреда на бутниот мускул.

Од комбинација за дуелот со Мешков Брест кој се игра утре во 18 часот и 45 минути отпаднаа Томислав Јагуриновски, Мартин Карапалевски и Давид Гашовски.

OhridNews

 

Алушовски: Мешков Брест е фаворит, наша задача е да ги надминеме проблемите во напад