Сеуште не залечената повреда на Сергеј Горбок предизвика нови проблеми за шпанскиот стратег на клупата од Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез.
Горбок се повреди на првиот натпревар од двомечот со унгарски Веспрем и воопшто не отпатува за вториот дуел.
Кога на повредата на Русинот ќе се додаде отсуството на Блаженко Лацковиќ „црвено црните“ за мечот со словенците останаа со само еден лев бек Филип Лазаров.
Македонскиот вицепрвак в сабота мора да атакува на победа по два порази во низа од составот на Веспрем.
Мх.П.