Шпанскиот стратег на клупата од Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез има поголеми проблеми од поразот во Веспрем откако Блаженко Лацковиќ се здоби со посериозна повреда.
Хрватскиот ракометар како покосен падна на теренот во првиот дел од дуелот со унгарскиот првак.
Првите анализи покажуваат дека се работи за кинење на ахиловата тетива, која мора да се оперира, а потоа се утврдува паузата.
Левиот бек по завршување на мечот веднаш отпатува за Загреб на дополнителни прегледи по кои точно ќе се знае колку ќе паузира поранешниот ракометар на Хамбург.
Мх.П.