Македонскиот ракометен првак Вардар се издигна над проблемите кои го опкружуваат и ја запиша петтата победа во Лигата на Шампиони совладувајќи го го Мотор Запорожје со 38-28 (16-11).

На две рунди пред крајот од групната фаза, со овој триумф “црвено-црните“ стигнаа до победа која ги „позиционираше“ на петтото место на табелата.

Бранителот на европската круна ја забележа дебитантската победа под палката на битолскиот стратег Стевче Алушевски, кој го превзеде кормилото за време за зимската пауза. Третата победа пред своите гледачите во Јане Сандански беше осигурана со подобра игра во вториот дел кога беше скршен отпорот на украинците.

Најпрецизен на мечот беше „моторот„ Скубе со осум постигнати гола. Ракометарите од младинскиот погон, Кукуловски (два) и Карапалески (еден) ги постигна првите погодици во Лигата на шампиони.

Во наредната рунда , европскиот првак ќе му гостува на Порто во Португалија.

OhridNews
Фото: Гол.мк