Ракометарите на Вардар се пред портите од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ одиграа феноменален натпревар во Загреб и го совладаа домашниот состав  со 28-17 во првиот меч од осминафиналниот дуел.

Избраниците на шпанскиот стратег Гарсија Парондо на дело го покажаа сиот свој квалитет и го збришаа составот на Загреб, кој знае да биде незгоден противник пред своите навивачи. „Вардарци“ не` дозволија да се разбуди атмосферата во „Арена“ и доминатно стигнаа до победата, која широко им ги отвори вратите за пласман во 1/4 финалето.

На реваншот во Скопје, Вардар ќе треба да ја одбрани предноста и официјално да го завери влезот во ТОП 8 екипита на стариот континент.

Кристопанс и Карачиќ мечот го завршија со пет голови, Мораше реализираше еден помалку, а по три постигнаа Чупиќ и Дисингер. Милосављев запиша 15 успешни интервенции и беше најдобриот играч на натпреварот.

OhridNews