Македонскиот вицепрвак Вардар со 30-26 (18-13) го совлада Монпеље во првиот меч во Лигата на шампиони во новата натпреварувачка година.
До шестиот триумф во групната фаза „црвено црните“ дојдоа благодарание на безгрешниот Тимур Дибиров (12 голови) и Арпад Штербик, кој беше на висина на задачата во клучните мигови.
Со оваа победа Вардар го отпиша својот ривал Монпеље од борбата за втората позиција во групата.
Мх.П.