Македонските преставници во Лигата на Шампиони, Вардар и Металург групната фаза ја завршија на четвртата односно третата позиција и обезбедија пласман во ТОП 16 фазата.
Македонскиот првак во 1/8 финале ќе добие противник, кој го зазеде првото место во групите, а тоа се германскиот првак, Кил, бранителот на трофејот во ЛШ, Хамбург и унгарскиот Веспрем.
Унгарскиот преставник е познат за „црвено црните“ бидејќи одиграа контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната, кој заврши во корист на Вардар.
Вториот амбасадор на Македонија во европскиот ракометен крем Металург го очекуваат релативно полесни противници (Флензбург, Колдинг, Рајн Некар Ловен).
Минатата сезона осминафиналната пречка не беше проблем за пулените на Лино Червар, а со победата над Барселона, Металург најави дека не се плаши од никого особено пред своите гледачи.
И двете македонски екипи првите натпревари ќе ги играат пред домашната публика, а реванш мечевите на гостински терен поради подобриот пласман на противниците.
Извлекувањето за ТОП 16 фазата во Лигата на Шампиони е вторник во 12 часот во австриската престолнина, Виена.
Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.