Избраниците на Савески беа поуспешни како гости против швајцарската Амичитија со 31-24.
Црвено-црните до победата која им го обезбеди 5 – то место во групата стигнаа благодарение на голманот Ангелов кој натпреварот го заврши со 11 успешни интервенции.
По пет пати противничката мрежа ја затресоа Стојановиќ, Јовчевски и Ѓорѓевиќ.
Во последното коло, наредната недела Вардар ќе му гостува на германскиот Кил.