Ракометарите на Вардар ставија точка на серијата од два порази во Лигата на Шампиони совладувајќи го Брест Мешков со 36-31 (19-17) во шестата рунда од групната фаза.
„Црвено црните“ со триумфот на домашен терен се искачија на втората позиција на табелата прескокнувајќи го Киелце, кој е следен ривал во ЛШ.
„Вардарци“ на теренот ја оправдаа фаворитската улога водејќи од почетокот до крајот на мечот. Разликата на семафорот започна од 2-3 погодоци па се до осум. На крајот, стоеше 36-31 за составот на Вардар, кој ја забележа четвртата победа сезонава.
Победата на Вардар најмногу ја зачини младиот голман Марко Кизиќ. Чуварот на мрежата на Вардар шанса доби во последните 15-тина минути и максимално ја искористи. Помеѓу неколку одбрани за издвојување е двојната интервенција која ја запали публиката во СРЦ „Јане Сандански“.
Двојна одбрана на најмладиот вардарец Марко Кизиќ ?
Geplaatst door RK Vardar op Zondag 3 november 2019
Голгетерски се истакнаа Даинис Криштопанс со 9 голови, Иван Чупиќ со 7 голови и Сташ Скубе кој постигна 6 погодоци. Во гостинскиот состав најпрецизен беше Микита Ваилупау со девет погодоци.
OhridNews