Македонскиот првак Вардар ја совлада Висла со 25-24 и се пласираше во четвртфиналето од ракометната лига на Шампиони. Еден гол ги раздвои изедначените противници, разлика која трета сезона по ред го “носи“ Вардар меѓу најдобрите осум. 

По правило играч на одлука беше голманот Арпад Штербиќ кој “собра“ 17 одбрани, а последна беше одлучуваката против Никчевиќ , одбрана која ја направи разликата.

Најефикасен на мечот во домашниот тим беше Тоскиќ постигнувајќи осум гола, по четири постигнаа Карачиќ и Душебаев. Кај гостите Житников постигна седум гола.

Вардар во четврт-финалете ќе игра против Веспрем, прво во Скопје, во периодот од 20 до 24 април, а потоа и на гости, од 27 април до 1 мај.

OhridNews