Ракометарите на Вардар двомечот со норвешкиот Елверум, во рамките од Лигата на Шампиони ќе го одиграат на домашен терен во Скопје.

„Црвено црните“ и норвежаните се одлучиле на ваков потег поради засилените мерки и протоколи во Норвешка.

Првиот натпревар се игра 21 февруари во 16 часот, додека вториот три дена подоцна (24 февруари) во 18 часот и 45 минути.

Вардар со една победа во седум натпревари е последно пласиран, а норвежаните со два победи во осум мечеви се една позиција погоре.

OhridNews