Во Загреб на „Максимир“ в среда со почеток во 20:45 часот екипите на Динамо и Вардар ќе го одиграат реванш мечот од првото квалификациско коло во Лигата на Шампиони.


„Модрите“ имаат голема предност од првиот меч кој на „Филип Втори“ го добија со 2-1. Сепак, „црвено црните“ не се предаваат и ќе атакуваат на поволен резултат во Загреб.

– Не се предаваме, никако. На тоа не сакаме ниту да помислиме. Се додека имаме и најмали шанси, ние ќе играме, ќе се надеваме. Одиме до крај, имаме одлична екипа, атмосферата во клубот е фантастична, и мислам дека со малку среќа можеме да го минеме Динамо. Сега сме фокусирани само кон тој натпревар и како да оствариме резузлтат кој што ќе не однесе понатаму. – рече Дамир Којашевиќ за официјалниот сајт на Вардар.

И тренерот на Вардар, Гоце Седлоски исто така најави борба со „модрите“ на Максимир кои се извлекоа на „Филип Втори“.

OhridNews