Македонскиот ракометен првак Вардар пред своите гледачи со 32-25 го совлада Вакер Тун и ја забележа четвртата победа во групната фаза од Лигата на Шампиони.

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез не оставија ништо на случајност и уште на стартот од мечот направија предност која им донесе лесна победа.

Во последната рунда од групата Ц, Вардар на гостински терен ќе се сретне со ПСЖ и со евентуална победа и пораз или реми на Металург со Барселона ќе ги однесе на втората позиција во групата.

Табела : Барселона 14, ПСЖ 11, Металург 10, Вардар 10, Динамо 5, Вакер Тун 0.

Мх.П.