Пресметката помеѓу најтрофејните клубови од Италија и Англија, Јувентус односно Манчестер Јунајтед повторно е најинтересна во мечевите од Е-Х сегментот во четвртата рунда од Лигата на Шампиони.
„Старата дама“ разликата во квалитет ја покажа во првиот натпревар кој го доби со минимални 1-0. Италијаните царуваа на Олд Трафорд не оставајќи му простор на „црвените ѓаволи“ да се понадеваат на поволен резултат.
Избраниците на Жозе Мурињо на претходните мечеви во Премиер лигата покажаа карактер победувајќи со голови во судиското продолжение, но за поволен резултат во Торино ќе им треба многу повеќе од карактер.
Јувентус има шанса со победа да го завери првото место во групата и пласманот во ТОП 16, додека Манчестер Јунајтед во случај пораз ќе треба да ваѓа на Месталја стадионот на дуелот со Валенсија.
Двојки:
Група Е: Баерн Минхен – АЕК (21), Бенфика – Ајакс (21ч)
Табела: Ајакс 7, Баерн Минхен 7, Бенфика 3, АЕК 0
Група Ф: Лион – Хофенхајм (21ч), Мен Сити – Шахјтор Доњецк (21ч)
Табела: Мен Сити 6, Лион 5, Хофенхајм 2, Шахјтор Доњецк 2
Група Г: ЦСКА Москва – Рома (18:55ч), Викторија Плзен -Реал Мадрид (21ч)
Табела: Реал Мадрид 6, Рома 6, ЦСКА 4, Викторија Плзен 1
Група Х: Валенсија – Јанг Бојс (18:55ч), Јувентус – Мен Ју (21ч)
Табела: Јувентус 9, Мен Ју 4, Валенсија 2, Јанг Бојс 1
OhridNews