Фудбалерите на Јувентус, Паоло Дибала и Џорџо Кјелини, тренираа со екипата и ќе бидат на располагање за реваншот натпреварот против Виљареал во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Напаѓачот Дибала и дефанзивецот Кјелини го пропуштија првиот натпревар против шпанскиот противник, на 22 февруари во Виљареал, а сајтот „Гол“ објави денеска дека двајцата тренирале со екипата во неделата и би требало да му бидат на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.

Првиот натпревар во Шпанија заврши 1-1, а реваншот во Торино е на програмата в среда од 21 часот.

OhridNews