Италијанскиот првак Јувентус на гостински терен во Унгарија кај тимот на Ференцварош ќе го поправа лошиот впечаток кој го остави во дерби средбата со Барселона, која заврши во корист на шпанците со 2-0.
„Старата дама“ во дуелот со унгарскиот шампион влегува како фаворит, но и со голем притисок на своите плеќи поради слабите игри последниов период. Новиот стратег на Јувентус, Андреа Пирло беше на удар од медиумите поради променливата игра на екипата. Пирло и неговите избраници на гостувањето во Унгарија треба да покажат надмоќ и без поголеми проблеми да ги освојат во бодовите. Во спротивно, притисокот ќе биде уште поголем и атмосферата ќе биде разнишана во соблекувалната.
Пари Сент Жермен се соочува со голем проблем во пресрет вечерашниот дуел со Лајпциг во третата рунда од Лигата на Шампиони. „Светците“ останаа без класичен офанзивен фудбалер, откако поради повреди во комбинација не се Нејмар, Килијан Мбапе и Мауро Икарди. Германскиот стратег на клупата од ПСЖ, Томас Тухел ќе мора да експериментира и во нападот да започне со фудбалер за врска или со популарната „лажна деветка“.
Вечерашните мечеви стартуваат во 18:55 часот. Први на програмата се натпреварите Зенит – Лацио од групата Ф односно Башакшехир – Манчестер Јунајтед од групата Х.
- Двојки:
Група Е: Челси – Рен (21ч), Севиља – Краснодар (21ч)
Табела: Челси 4 бодови, Севиља 4, Краснодар 1, Рен 1
Група Ф: Зенит – Лацио (18:55), Клуб Бриж – Борусија Дортмунд (21ч)
Табела: Лацио 4 бодови, Клуб Бриж 4, Борусија Дортмунд 3, Зенит 0
Група Г: Барселона – Динамо Киев (21ч), Ференцварош – Јувентус (21ч)
Табела: Барселоан 6, Јувентус 3, Динамо Киев 1, Ференцварош 1
Група Х: Башакшехир – Манчестер Јунајтед (18:55ч), Лајпциг – ПСЖ (21ч)
Табела: Манчестер Јунајтед 6, ПСЖ 3, Лајпциг 3, Башакшехир 0
OhridNews