Екипата на Борусија Дортмунд се избори за позитивен резултат на гостувањето во Шпанија, победувајќи ја Севиља со 3-2, додека честа на домаќините во првите четири мечеви од осминафиналето ја одбрани Порто, кој со 2-1 на „Драгао“ го совлада Јувентус.

Португалскиот состав со две раце ги прифати даровите од Јувентус. Домаќините поведоа уште во втората минута после кардиналната грешка на Бентакур и голманот Шчезни. Стрелец на голот беше Тареми. Порто вториот погодок го постина во првата минута од второто полувреме. Одбраната на Јувентус не беше на ниво, а Мерега погоди за 2-0. Голема надеж за Јувентус донесе Киеза, кој во финишот го намали резултатот на 2-1.

„Милионерите“ со фантастична игра во првите 45 минути ја решија Севиља и затропаа на вратата од четвртфиналето. Домаќините поведоа со 1-0, но гостите до Дортмунд со три погодоци го свртија резултатот во своја полза. Во второто полувреме Севиља постигна еден погодок, но само го ублажи поразот од 3-2.

Следната недела ќе се одиграат преостанатите четири осминафилни натпревари во кои ќе се сретнат Атлетико Мадрид – Челси, Лацио – Баерн Минхен, Аталанта – Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити.

OhridNews