Вечерва, со дуелите Јувентус – Порто односно Борусија Дортмунд – Севиља стартуваат реванш натпреварите во осминафиналната фаза од Лигата на Шампионите.
„Старата дама“ во средбата со Порто нема премногу опции, бидејќи во првиот меч на „Драгао“ претрпе тесен пораз 2-1. „Бјанконерите“ мора да победат. Триумф од два погодоци сигурно ги води во четвртфиналето. Единствена победа со еден гол разлика што им одговара е 1-0. Португалците со триумфот над Јувентус, покажаа дека не се за отпишување и тие дека си имаат свои амбиции во ЛШ.
Во составот на Јувентус под знак прашалник е Артур, додека ќе отсуствуваат Бентакур, Де Лихт, Данило и Дибала. Кај Порто неизвесни се Пепе, Корона, Мбема, а ќе недостасува Мбаје.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд остварија голем триумф во Шпанија, победувајќи ја Севиља со 3-2 во првиот натпревар од 1/8 финалето. Но „милионерите“ ништо уште не завршиле, бидејќи на домашен терен треба да ја одбранат предноста и да ја елиминираат Севиља, која често години наназад бележи добри резултати во европските натпреварувања. На Борусија и одговара и реми, додека Севиља ќе треба да фрли се на една карта, затоа што треба да победи со два голови разлика или пак со еден погодок, но да постигне четири голови.
Здравствениот билтен во Борусија Дортмунд не е најдобар. Поради повреди ќе ги нема Санчо, Витсел, Аканжи и Шмелцер, а под знак прашалник се Гереро и Реина. Кај Севиља нема да играат Васкез и Видал.
Мечевите се играат во 21 часот.
- Двојки:
Борусија Дортмунд – Севиља (3-2)
Јувентус – Порто (1-0)
*Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews