Францускиот првак Пари Сент Жермен ги запиша првите бодови на табелата во Г групата, откако пред своите гледачи со убедливи 6-1 ја совлада Црвена Ѕвезда во рамките од втората рунда во фазата по групи.

„Светците“ дилемите околу победникот ги решија во 20 минути. Домаќините од 22-та до 42-та минута постигнаа четири голови и најавија убедлив триумф. Во второто полуреме французите постигнаа нови два погодоци, а фудбалерите на Црвена Ѕвезда со почесен погодок успеаја да го ублажат поразот.

Значајна победа во втората рунда забележа составот на Шалке кој на гостувањето кај Локомотив Москва славеше со минимални 1-0. Човек на одлука на мечот беше Вестон Мекеј кој решавачкиот погодок го постигна во 88-та минута од мечот.

Втората рунда од групатната фаза ќе се комплетираат со мечевите кои започнаа во 21 часот.

OhridNews