„Црвено црните“ беа пред пораз, но се вратија во игра, имаа напад за победа, но на крајот со наведнати глави го напуштија теренот по пораз од Будуќност во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони.

– Од срце го одигравме ова финале, особено вториот дел кога пак го покажвме духот на тимот. Заслуживме пласман во финалето, но само фактот среќа одлучи нашите противнички да се борат за златниот медал, а не ние – рече голманот, Лејно, која брилираше на голот со 14 интервенции.

Одбраната го имаше главниот збор во полуфиналето, а и во такво одвидвање на работите Пино успеа да постигне пет погодоци.

– Сакавме победа, која ќе ја посветевме на навивачите. Негативата во првиот дел, не не поколеба и се изборивме за продолженија, а таму се боревме до крај, но не успеавме – потенцираше Пино.

Мх.П.