Во петтата рунда од групната фаза во Лигата на шампиони Вардар во „Јане Сандаски“ ќе го пречека лидерот на табелата Веспрем.


Унгарскиот првак ќе биде најголем испит за „црвено црните“ сезонава кои имаат четири победи во исто толку натпревари.

– Нема сомнение дека Веспрем е една од најдобрите пет екипи во Европа. Нивното учество во Ф4 минатата година го потврдува фактот дека се работи за екипа со добри и квалитетни играчи и клуб со големи амбиции. Во Скопје славевме против Рајн Некар Ловен, но овој ќе биде поинаков меч бидејќи Веспрем е далеку понезгоден противник од германците – рече стратегот на Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез.

За натпреварот, кој ќе се одигра в сабота во 19 часот шпанскиот стручњак на располагање ќе го нема Илија Абутовиќ, кој заработи црвен картон на гостувањето во Монпеље.

Мх.П.