Женскиот ракометен клуб Вардар е на чекор од пласман во „Фајнл Фор“ откако на домашен терен со минимални 24-23 го совладаа Митиланд.
Големината на мечот одигра клчучна улога во играта на избраничките на Индира Кастровиќ кои дури 50-ет минути бараа начин да го скршат отпорот на данките.
Гостите вешто го користеа грчот во составот на вардарки и константно имаа предност, па се до финишот од мечот.
Но, на крајот носени од френетичната публика во „Борис Трајковски“ ракометарките на Вардар изнајдоа сили и направија пресврт кои им го трасира патот во завршницата.
По три одиграни натпревари Вардар е лидер во групата со пет бодови, Турингер е второпласиран со четири бодови, Митиланд има два бодови додека последен е составот на Савехоф со еден освоен бод.
Мх.П.