В сабота ракометарите на Вардар ги очекува нова мега пресметка со Веспрем во шестата рунда од групите од Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ во Унгарија на дуелот со неприкосновениот Веспрем отпатуваа без македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов и рускиот интернационалец Сергеј Горбок.
Голем плус за шпанскиот стратег ќе биде враќањето во екипата на Илија Абутовиќ, кој ја одлежа суспензијата од еден натпревар.
Во првиот натпревар ракометарите на Вардар претрпеа минимален пораз во драматична завршница.
Мх.П.