Европскиот вицешампион Ливерпул со победа ја започна новата сезона, откако на домашен терен во трилер завршница од дерби средбата го совлада францускиот првак Пари Сент Жермен со 3-2 (2-1).
Херој на „црвените“ беше Роберто Фирмино кој погоди за победа во втората минута од судиското продолжение. Претходно, домашните фудбалери прокоцкаа два погодоци предност обезбедени после головите на Даниел Стариџ и Џејмс Милнер. За французите голови постигнаа Томас Муниер односно Килијан Мбапе.
Најпријатно издание во првите осум натпревари од стартот на Лигата на Шампиони е Црвена Ѕвезда која во Белград успеа да остане непоразен во пресметката со Наполи. „Азурите“ имаа повеќе од играта и шансите, но желбата кај домашните фудбалери на крајот пресуди.
Резултати:
Група А: Клуб Бриж – Борусија Дортмунд 0-1, Монако – Атлетико Мадрид 1-2
Табела: Атлетико Мадрид 3, Борусија Дортмунд 3, Клуб Бриж 0, Монако 0
Група Б: Интер – Тотенхем 2-1, Барселона – ПСВ Ајндховен 4-0
Табела: Барселона 3, Интер 3, Тотенхем 0, ПСВ 0
Група Ц: Црвена Ѕвезда – Наполи 0-0, Ливерпул – ПСЖ 3-2
Табела: Ливерпул 3, Црвена Ѕвезда 1, Наполи 1, ПСЖ 0
Група Д: Галатасарај – Локомотив Москва 3-0, Шалке – Порто 1-1
Табела: Галатасарај 3, Шалке 1, Порто 1, Локомотив Москва 0
OhridNews