Англиските премиерлигаши Тотенхем и Ливерпул им се придружија на Барселона и Ајакс во полуфиналето од Лигата на Шампиони.

Манчестер Сити и Тотенхем одиграа спекталуларен меч на Етихад. Во првите 12 минути двете екипи постигнаа по два погодоци и по еднаш имаа водство. Во 21-та Манчестер Сити поведе со 3-2. За шести погодокот се чекаше до 59-та минута кога домаќините го зголемија водството 4-2, резултатот кој ги водеше во 1/2 финалето. Тотенхем во 73-та минута го постигна третиот погодок и одново имаше позитивен резултат. Драмата кулминираше во судиското продолжение., кога после сугестија од ВАР погодокот на Сити беше пониште, а Тотенхем благодарание на минималната победа 1-0 од првиот меч и трите погодоци во гости обезбеди пласман во полуфиналето.

Фудбалерите на Ливерпул одбегнаа било каква драма на Драгао стадионот совладувајќи го Порто уште еднаш, овој пат со 4-1. „Црвените“ во целост ја оправдаа фаворитската улога и заслужено се пласираа во полуфиналето.

Со комплетирањето на најдобрите четири екипи познати се` и двојките за полуфиналните натпревари. Вицешампионот Ливерпул силите ќе ги одмери со Барселона, додека Тотенхем ќе се судри со Ајакс.

OhridNews