По паузата поради квалификациските натпревари за Европското првенство во Полска и Украина, “бубамарата“ повторно ќе се тркала во Лигата на шампиони.


Сите погледи ќе бидат вперени во Шпанија на „Снтијаго Бернабе“ каде “Лос бланкос“, деветкратните прваци на Европа, ќе се сретнат со седумкратниот освојувач на најпрестижниот клупски пехар,  Милан. Реал Мадрид има две победи во исто толку натпревари, додека “росонерите“ имаат четири бодови на своето конто. Вториот пар од оваа група е трето пласираниот Ајакс и последниот пласиран Оксер.


Двојки: Реал Мадрид – Милан, Ајакс – Оксер

Табела:
1. Реал Мадрид 6 бодови
2. Милан          4
3. Ајакс           1
4. Оксер          0

Рома на „Олимпико“ против Базел ќе ја брка втората победа во Лигата на шампионите, а минатогодишниот финалист Баерн Минхен на домашен терен ќе се обиде да прокнижи нови три бода. Противник на баварците е романскиот Клуж.


Двојки: Рома – Базел, Баерн М – Клуж

Табела:
1. Баерн М  6 бодови
2. Рома      3  
3. Клуж      3
4. Базел     0

Избраниците на италијанскиот стратег Карло Анчелоти ги очекува “ладен“ прием кај Спартак  во Москва. Обете екипи се непоразени и имаат по шест бодови. Олимпик Марсеј и Жилина ќе атакуваат по првите бодови во оваа сезона во Лигата на шампиони.


Двојки: Спартак М – Челси, Марсеј – Жилина

Табела:
1. Челси        6 бодови
2. Спартак М  6
3. Марсеј       0
4. Жилина      0

Со воведните две победи Шахјтор Донецк е најпријатното изненадување во Лигата на шампиони, но својот квалитет треба да го докаже на “пеколното“ гостување на Емирати кај Арсенал. Ова ќе биде доста емоционален меч за бразилецот со хрватски пасош Едуардо Да Силва. Силва носејќи го дресот на „топџиите’“претпре тешка повреда, а изјави дека нема да се радува доколку ја затресе мрежата на лондонскиот тим. Арсенал е лидер на табелата во групата Х благодарение на подобрата гол разлика. Српскиот преставник во најквалитетното натпреварување Партизан и Брага ќе ги бркаат првите бодови за да го избегнат “фенерот“.


Двојки: Арсенал – Шахјтор, Брага – Партизан

Табела:
1. Арсенал   6 бодови
2. Шахјтор    6
3. Партизан  0
4. Брага       0

Мх.П.