Еден од двата македонски преставници во Лигата на Шампиони, Металург со мининален триумф 23-22 над Тун ја започна европската одисеја.

Во целиот тек на мечот избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар го контролираа резултат, а на мометни нивната предност изнесуваше и +6 (17-11).

Покрај убедливото водство, Металург во финишот од мечот мораше да одигра максимално во одбрана за да ја задржи предност од еден погодок, што ги донесе првите бодови во групата.

Во вториот натпревар од групата Францускиот, ПСЖ со 34-30 триумфираше против Белорускиот првак, Динамо Минск. Натпреварите од првата рунда во група ќе се комплетираат со дуелот на Вардар ПРО – Барселона.

Мх.П.