Фудбалерите на Барселона обезбедија огромна предност после првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампиони победувајќи го Ливерпул со 3-0 на Ноу Камп стадионот.
Многу работи ќе беа поинаку во Барселона ако домаќините голот го немаа расположениот Андре тер Штеген, кој успеа да скроти три-четири удари на гостинските фудбалери. Германецот беше на висина на задачата, а шлаг на тортата беше убиственето дуо Лионел Меси – Луис Суарез коe ги искомбинира трите погодоци.
Уругваецот погоди за почетно водство во 26-та минута. Суарез со гол ја круниса маестралната асистенција на Жорди Алба, кој испрати топка со очи до голгетерот. Негативата не го поколеба Ливерпул, кој продолжи да игра офанзивно, а нерешлива енигма беше Тер Штеген. Чуварот на мрежата бранеше добро во првиот дел, но во вториот одбрани три последователни удари на англичаните. Два пати на Милнер и еднаш на Салах.
Наградата за добрите одбрани за Барселона стигна преку Меси. Аргентинецот со голема доза на среќа ја смести топката во празната мрежа после ударот со колено на Суареаз. Вториот погодок на Меси на мечот беше вистинско ремек дело. Аргентинецот од слободен удар го погоди горниот десен агол и ја „скина пајажината“. Салах во следниот напад прокоцка златна шанса за Ливерпул погодувајќи ја пречката, а на спротивната страна Дембеле пропушти прилика да го нокаутира англискиот премиерлигаш.
Реваншот се игра во вторник на Енфилд, а на „црвените“ им треба победа од три голови разлика за продолжение или победа со четири голови разлика за пласман во големото финале.
OhridNews