Без голови и без победник заврши пресметката на „Сигнал Идуна Парк“ помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона, додека Наполи со 2-0 (0-0) го совлада актуелниот првак Ливерпул на стартот од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Главен виновник и лик во Дортмунд беше голманот на Барселона, Андре Тер Штеген. Германецот во текот на натпреварот успеа да одбрани удар од белата точка и уште дузина обиди противничките играчи. Најблиску до погодок беше Жулијан Брендт, кој го матираше Тер Штеген но ударот заврши во гредата. Прилика за казна за сите неискористени шанси пропушти Лионел Меси во последниот напад. Аргентинецот биеше но блокот на „милионерите“ беше на вистинско место.
Фудбалерите на Наполи со погодоците на Дриес Мертенс и Фернандо Љоренте во последните десеттина минути го срушија Ливерпул. Мертенс погоди од пенал во 82-та минута, а корпулетниот напаѓач во 90-та минута стави точка на победа. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дебиташе во ЛШ, откако во игра влезе на местото од Алан во 75-та минута од мечот.
Резултати:
Група Е: Наполи – Ливерпул 2-0, Салзбург – Генк 6-2
Табела: Салзбург 3, Наполи 3, Ливерпул 0, Генк 0
Група Ф: Интер – Славија Прага 1-1, Борусија Дортмунд – Барселона 0-0
Табела: Интер 1, Славија Прага 1, Борусија Дортмунд 1, Барселона 1
Група Г: Лион – Зенит 1-1, Бенфика – РБ Лајпциг 6-2
Табела: РБ Лајпциг 3, Лион 1, Зенит 1, Бенфика 0
Група Х: Ајакс – Лил 3-0, Челси – Валенсија 0-1
Табела: Ајакси 3, Валенсија 3, Челси 0, Лил 0
OhridNews