Капитенот на каталонците, Лионел Меси на навивачите на Барселона им приреди нова магична ноќ постигнувајќи два погодоци во триумфот над Ливерпул 3-0 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампиони. Аргентинецот при постигнувањето на првиот погодок за водство 2-0 се најде на вистинско место во вистинско време, додека за вториот погодок кој стави печат на победа 3-0 излишно било што да се напише.

Целиот фудбалски свет му се поклони на Меси, кој дефинитивно и заслужи. Хистеријата на Ноу Камп се пресели на коментаторските позиции каде се наоѓаа Рио Фердинанд и Гери Линекер. Англиските легенди бурно го прославија погодокот на Аргентинецот за 3-0.

Watch Lionel Messi in the Champions League on BT Sport.

??When you think you've seen it all but Lionel Messi takes the game to a new level! ??

Geplaatst door BT Sport op Woensdag 1 mei 2019

После новата епска партија на Меси, продолжија споредбите со Кристијано Роналдо. Контроверзниот Италијанецот Марио Балотели отиде предалеку и на социјалните мрежи напиша. – Меси е цар и немој да ми го споредувате со играчот со број седум од Јувентус.

Социјалните мрежи „гореа“ после погодокот од слободен на Меси кој беше вкупно 600-ти во неговата кариера. Голем дел и од фудбалерите му го честита учинокот и јубилејниот погодок.

  • Меси секогаш изненадува. Слободниот удар беше далеку и незнаев што ќе се договорат да направат. Не знам како му успеа да шутира толку прецизно и силно, но знам дека секогаш е тука кога ни е потребно. Тој внесува страв во противникот, а често ние го користиме тој бенефит од Меси. Тој ни е капитен, тој ни го држи ритамот на игра и тој ја направи разликата која не однесе до убедлива победа. – изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

OhridNews

ЛШ: Тер Штеген нерешлива енигма за „црвените“, Меси и Суарез му пресудија на Ливерпул! (видео)