Вечерва со реванш натпреварите во Торино и Манчестер продолжуваат возбудувањата во првата елиминациска фаза во Лигата на Шампиони.
Фудбалерите на Јувентус на домашен терен пред своите гледачи ќе имаат супер предизвик наречен Атлетико Мадрид и негатива 2-0 од првиот натпревар. Јувентус со купувањето на Кристијано Роналдо веднаш стана фаворит број еден за титулата, а токму вечерашниот меч е вистински тест за амбиции на клубот од Торино. Роналдо во изјава за медиумите рече дека верува во кам бек, а затоа се потребни и навивачите. Традицијата е на страната од Атлетико Мадрид кој никогаш не отпаднал кога првиот меч го добил со два разлика. Со оглед на најавите и претходните мечеви од 1/8 финалето во ЛШ не очекуваат неверојатни 90 минути во Торино.
Водечката екипа во Премиер лигата, Манчестер Сити во Гилзенкирхен го покажаа победничкиот менталитет. „Граѓаните“ успеаја да го совладаат Шалке со пресврт во последните пет минути од мечот (3-2) иако имаат фудбалер помалку. На пулените од Пеп Гвардиола им е потребна рутина да ја задржат предноста и да се чекираат во ТОП 8.
Таму веќе има две англиски екипи Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а друштво им прават португалскиот состав Порто и холандскиот гигант Ајакс.
OhridNews