Без победник 24-24 заврши мечот меѓу германскиот првак Турингер и македонскиот Вардар во петтата рунда од втората фаза во Лигата на Шампиони.
По ремито иако избраничките на Индира Кастратовиќ имаа предност од седум погодоци судбината за пласман во големата четворка „вардарки“ ја имаат во свои раце.
Во последната рунда македонскиот преставник пред своите гледачи го пречекува последнопласираниот Савехоф, а победа ги води во борбата за најсветлото одличје.
Мх.П.