Македонскиот фудбалски првак Вардар во второто коло ги заврши натпреварите во Лигата на Шампиони. Преголем залак за „црвено црните“ беше романската Стеaуа, која и во вториот меч забележа победа и со вкупни 5-1 се пласираше во следната фаза.


За разлика од првиот натпревар одигран Букурешт избраниците на стратегот Милевски покажаа заби и не ја продадоа лесно својата кожа.

Сепак, разликата во квалитет беше видлива а тоа романците го демонстрираа на теренот постигнувајќи два погодоци кога беше најпотребно. Мала утеха за симпатизерите на Вардар е почесниот погодок, кој го постигна Јован Костовски.

Мх.П.