Ракометарите на Металург во втората рунда ја забележаа првата победа во новата сезона во Лигата на Шампиони совладувајќи го Кадетен Шафхаузен со 28-24 (15-11).
Иако со изменет состав од минатите сезони во елитата, сегашните ракометари на Металург ја покажаа старата желба за победа која долги години го красеше тимот од Автокоманда.
Носени од публиката во „Борис Трајковски“ пулените на Лино Червар одиграа маестрелен натпревар и заслужено се израдуваа на првата победа во новата сезона.
Предводник на „металурзите“ беше Божовиќ со осум голови, Мраковиќ реализираше пет, а четири пати погоди Маџовски.
И во третата рунда Металург пред своите гледачи ќе брка победа, а силите ќе ги одмери со тимот на Елверум од Норвешка.
Фото : Екипа.мк
Ohridnews