Фудбалерите на Атлетико Мадрид во свој препознатлив стил го совладаа Баер Леверкузен на домашен терен победувајќи го со минимални 1-0 (0-0) во еден од двата натпревари кој ја отвори третата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони. На преостанатиот меч, Динамо Загреб освои бод на гостување кај тимот на Шахјтор Доњецк ремизирајќи 2-2 (1-1).

„Јорганџиите“, по стар рецепт стигнаа до нова победа. Во ниту еден момент не фрлија на една карта и стрпливо ја чекаа својата шанса. Во 78-та минута, избраниците на Диего Симеоне одиграа добар контра напад кој со погодок го круниса Алваро Мората. Тој гол се покажа пресуден во крајниот исход од натпреварот.

Екипите на Шахјтор Доњецк и Динамо Загреб по еднаш имаа водство во мечот кој на крајот заврши со поделба на бодовите. Домаќините водеа со 1-0, а гостите 1-2 и ремито е најреален исход кога ќе се сумира се на едно место.

OhridNews